Малото село Ериадад на островот Џерба, некогаш познат како „островот на соништата“ не е дел од туристичкиот круг на Тунис. Тоа е првенствено место за аџилак, кое е дом на најголемата и најстара синагога во Северна Африка,Ел Гриба, која се користи повеќе од 2.000 години.
Освен неколку илјади верници, селото гледа многу малку странци. Нема големи претпријатија или хотели во Ериадхат, само мали куќи со традиционална Берберска архитектура со отворени дворови и куполи. Но ова се смени во псоледните неколку години, уличната уметност го оживеа градот.
Проектот започна во 2014 година, кога Мехди Бен Чеих, сопственик на париската уметничка галерија роден во Тунис, покани над сто уметници од триесет земји да го направи својот амбициозен проект, наречен Џербахуд. Г-динот Бен го мобилизира уличното уметничко движење повеќе од една деценија. Во 2013 година, тој повика над сто уметници да насликаат напуштена станбена зграда, од 10 ката, која требало да биде срушена. Оваа зграда станала најголемата колективна улична изложба во Европа.
Мехди Бен тврди дека проектот Џербахуд ќе биде уникатен. Но не било лесно да го почне проектот затоа што му требало дозвола од властите и жителите, кои мислеле дека графитите се облик на вандализам.
„Отпрвин, локалното население навистина не разбираше што сакав да направам “, вели Бен Чеих. „Но, овој проект не е за вандализам. Тоа е вистинска изложба со вистинска сценографија. “
Откако била добиена согласност, некои сопственици на куќи почнале да даваат мислења за тоа како сакаат да изгледа уметничкото дело, додека други им дале слобода на уметниците да сликаат онака како што посакуваа. Во текот на следните неколку месеци, уметниците направиле повеќе од 300 дела на ѕидовите на селото, трансформирајќи го селото и околината во голем уметнички музеј на отворено.
„Би сакал да го видам целиот остров Џерба да како платно за улична уметност“, вели Бен Чеих. „Се надевам дека локалните жители ќе го одржат проектот во живот откако ќе заминеме“.