Кога некој ќе спомне уметност со молив, вообичаено си помислувате на традиционалниот цртеж во графит техника. Но, уметноста којашто ќе ја видите тука ѝ фрла предизвик в лице на т.н. „правилна“ техника на создавање уметност со молив. Многу уметници се оддаваат на изработување минијатурни скулптури од графитниот врв на моливите, или пак ги користат самите моливи како површина врз која ќе сликаат. Цртежите можат да бидат навистина прекрасни и да побудуваат восхит, но и примерите кои следуваат нема да ве остават рамнодушни.