Употребувајќи мал скалпел како негов основен алат, уметникот Крис Мајнард создава уметнички дела од пердуви, вдахновувајќи им нов живот на платното. „Секој пердув, иако мртов и отфрлен, задржува нешто од суштината на птицата“, раскажува Мајнард. Навистина, овие колоритни и понекогаш хумористични созданија ја истакнуваат убавината на пердувот, но истовремено не поттикнуваат да размислуваме за животот на неговиот бивш сопственик. „Бидејќи јас главно работам со пердуви отпаднати при митарење, некои од птиците на коишто им припаѓале веројатно се сѐ уште живи“, додава Мајнард.