Витилиго е ретка состојба на кожата која се карактеризира со дамки на кожата поради губењето на пигментот. Постојат неколку претпоставки за тоа како настанува оваа состојба на кожата, а најшироко прифатената е дека телото може да го уништи своето ткиво (автоимунолошка реакција) бидејќи ги смета за туѓи клетките кои создаваат пигменти.

        

Мнозинството луѓе развиваат витилиго во своите дваесетти години, иако тоа може да се случи на било која возраст. Состојбата на кожата не е болна, но многу од децата кои ја имаат оваа состојба страдаат емоционално, бидејќи честопати стануваат жртви на насилници.

Кеј Блек, позната како Kay Customz е уметница која рачно создава кукли по нарачка инспирирани од вистински луѓе кои имаат витилиго. Таа ја бои кожата на нејзините кукли со детални шеми, инспирирани од слики на жени и девојки кои ја имаат оваа состојба.

Сподели на Facebook
пати видено