Насир Собхани, ака „Уличниот бербер“, е вистински номад, не само во поглед на светот, туку и во поглед на умот. Израснал во Јапонија, учел на универзитет во Канада. волонтирал во Вануату и Австралија, за на крај отпочне своја иницијатива за да им се обезбеди помош на бездомните – Насир навистина живее бурен и плоден живот. Но, од каде доаѓа неговото разбирање за тие коишто општеството ги отфрлило? Тој си навлекол еден од најголемите проблеми на денешницата кога се навлекол на дрога, но благодарение на неговата бахајска вера и новата берберска професија која го инспирира да остане чист, Насир работи шест дена во неделата, а слободниот ден кој му преостанува скита по улиците, но не напразно, туку бесплатно да ги потстрижува бездомниците.
Можеби си мислите дека на гладните бездомници тоа е последното нешто на што помислуваат, но нивниот изглед значително придонесува за тоа како ќе се снајдат во текот на денот, а на крајот на краиштата, на секој човек му е потребно малку внимание за својот изглед, и Насир многу добро разбрал дека има луѓе кои не можат да си дозволат ни едно обично потстрижување, коешто би можело многу да им помогне во наоѓањето работа, на пример. Тој тоа го нарекува „Нова фризура – нов почеток“.