Колите на дрва биле популарни за време на Првата Светска Војна, но потоа биле исфрлени од употреба затоа што имало подобро гориво. Во денешно време кога за подоброто гориво се нема пари, сиромашните но снаодливи луѓе почнаа да се враќаат назад.
Човекот кој прв си го направи Опелот на дрва е 36 годишниот Јуџин Чернигов. Тој закачи метална печка на задниот дел од колата и сад во кој го собира гасот од согорувањето. Според неговите мерења, на 100 километри троши 18 килограми дрво, што го чини 24 денари. Како гориво може да користи и пластични шишиња и се што гори, но вели дека ништо не се споредува со суво дрво од црница. Неговата кола на дрва достигнува брзина и над 90 км/час.