Добивањето на образованието е еден од најзначајните пресвртници во животот на детето, кој има клучна улога во одредувањето на иднината на детето. Сепак, според Обединетите нации, скоро 60 милиони деца од основно училиште не се на училиште. Една од најчестите причини е сиромаштијата.

Има многу деца ширум светот, кои, наместо да одат на училиште, мора да работат за да ги поддржат своите семејства, да собираат вода или да се грижат за своите браќа и сестри.

Дури и основните работи што повеќето од нас ги земаат здраво за готово, како што е училишниот прибор, може да го спречат детето да добие образование ако не можат да си дозволи да ги купи. За да им помогнат на децата да добијат подобра иднина, родителите се трудат да ги поддржат своите деца во образованието. Неодамна еден примерен родител стана познат за неговите напори.

Кога петгодишниот Њу Кенг од Камбоџа почнал да оди во ново училиште, неговата учителка Софус Суон не можела да не го забележи неговиот оригинален ранец. Таа изјавила дека најобичниот ранец кај нив чини околу 30000 риели (300 денари) и има родители кои се борат за да си го дозволат ова.

За жал, таткото на Њу Кенг, кој работи како земјоделец, не можел да му купи соодветен ранец на синот. Сепак, таткото не можел да дозволи тоа да го спречи неговиот син да оди на училиште, па затоа станал креативен.

Тој успеал да му сплете ранец од јажиња. Откако учителката ги објавила фотографиите луѓето почнале да го фалат таткото, а неколку странци ја контактирале за да му помогнат на семејството и да донираат пари.

Сподели на Facebook
пати видено