Ние сите застануваме пред плакарот долго гледаме во купиштата облека и си размислуваме: „Уф, немам што да облечам“. Ова навистина некогаш може да предизвика и главоболка. Сепак факт е дека во плакарот имате облека која сте ја облекле еднаш или двапати.
Некои извештаи велат дека потрошувачите купиле 60% повеќе облека во 2014 година во споредба со 2000 година, но секоја облека ја чувале двојно подолго.
Џулија Муни, учителка по ликовно од Њу Џерси, била вознемирена поради негативните социјални и еколошки резултати од брзото модно однесување. Таа одлучила да го привлече вниманието на луѓето кон проблемот на изненадувачки начин и не можеме да останеме рамнодушни кон овој предизвик.
Џулија го сподели својот прв пост на Instagram на почетокот на август 2018 година. Таа објави дека ќе изврши предизвик така што ќе го носи истиот фустан 100 дена. Очекувајќи многу прашања, Џулија коментирала за некои прашања на почетокот.
„Одвратно? Па ќе се испере. Досадно? Секако. Сакам да се изразам преку она што го носам исто како и другите Американци.“, вели таа. Учителката додава дека и доколку ѝ се скине фистанот таа може да го сошие. Исто така кажала дека ќе користи престилка на работа за да избегне дамки од боја. Но, ајде да ја откриеме нејзината вистинска причина за желбата да „страда“.
Муни изјавила дека станала очајна кога сфатила дека децата потпаѓаат под културолошки очекувања и дека немаат свое “јас”. Сфатила и дека тие ќе израснат во луѓе кои ќе фрлаат пари на гардероба само за да бидат прифатени во општеството. Нејзиниот предизвик бил да го сврти вниманието на проблемот кој настанува во животната средина поради производство на облека, како и на проблемите на работниците кои ја произведуваат истата таа гардероба.
„Мојата мисија е да ги поттикнам луѓето да размислуваат пред да купат, фрлат и повторно купат некоја облека. Може ли да се купува веќе користена облека? Купувајте помалку. Научете да шиете работи од различни материјали. Што би се случило доколку би ја насочиле енергијата за купување кон некоја хуманитарна акција? Дали се наоѓаме во маѓепсан круг во кој сме интересни само ако носиме нешто интересно на себе и обратно?“, вели Џулија.
Неодговорната потрошувачка исто така води до проблеми со животната средина, само погледнете ги следните факти. Производството на еден пар фармерки генерира иста количина на гасови со ефект на стаклена градина како и возење на автомобил околу 100 км. Потребни се 2.700 литри вода да се направи една памучна маица. Ова може да биде доволно за да се задоволат потребите за пиење во просек за околу 3 до 3,5 години. Понекогаш купуваме облека без да бидеме сигурни дека дури и ќе ја носиме.
Овој предизвик е веќе завршен, но за оние кои се заинтересирани, Џулија не ја носи истата облека секој ден сега. Иако, таа значително го намалила нејзиниот плакар и сега се држи до одржлив моден пристап.
Таа продолжува да ги шири своите идеи и се надева дека ќе привлече што е можно повеќе луѓе. Ако сакате да се приклучите на овој предизвик и да ги покажете вашите напори, користете го #HomeOutfit100Days хаштагот.