Тринаесетгодишна ученичка во САД ненадејно била отстранета од часот и светата лековита вреќичка – традиционален индијански талисман – ѝ бил конфискуван од страна на училишните администратори.

Во октомври годинава, тринаесетгодишната Розела, „Роуз“ Какватош тргнала на училиште како и секој друг училишен ден. Ученичката со индијанско потекло била непријатно изненадена кога училишните администратори ја отстраниле од училницата и ѝ го конфискувале талисманот – традиционалната света лековита вреќичка.

Според индијанските претставници во областа, Какватош чекала на ред во училишната менза кога вработен во кујната ѝ го забележал талисманот над нејзината облека и ја пријавил на администраторите.

in

Традиционално, вреќичката која се носи кај племето Меномине се употребува за молитви и содржи тутун – но не таков кој се пуши или џвака. Какватош ја носела својата вреќичка околу вратот за своите молитви кои ги правела неколку пати дневно. Тоа е честа пракса кај многу индијански племиња.

Бабата на девојката, Карен Гарднер, била длабоко вознемирена од дејствието преземено против нејзината внука. На индијанските официјални претставници им раскажала дека од училиштето наводно биле вознемирени поради тутунот кој го имало во вреќичката. Но, тие не ни можеле да знаат што има во вреќичката пред да ја запленат.

Училишните службеници го извадиле тутунот од вреќичката, ѝ ја вратиле назад и ја пратиле назад во училницата. Но, исто така ја присилиле да ја сокрие вреќичката под нејзината маица. Тој настан бил длабоко навредлив за девојчето и нејзиното семејство.

Сподели на Facebook
пати видено