Како е можно тоа?

Клучната работа, според Скот Х. Јанг, е холистичкото учење. А што е тоа? Во основа холистичкото учење е спротивно од бубањето. Кога бубате, ја полните вашата глава со информации, надевајќи се дека подоцна некако ќе ги запомните, сами од себе. Помнењето кон мозокот се однесува како компјутерски систем кој треба да се наполни со податоци. Во холистичкиот пристап од друга страна учите како да направите врска помеѓу идеите. Всушност е уште позбркано отколку што звучи, бидејќи знаењето не е спакувано во уредни мали кутии, туку е сочинето од мрежи на испреплетени концепти. Овој вид на учење е многу поблизок до начинот на кој работи човечкиот мозок, што овозможува целосен успех.

Како да почнете да учите со воспоставување врски? Еве неколку тактики кои ќе ви помогнат да ги поврзете претставите во вашата глава.

1. Употребувајте ментални слики

Дали некогаш сте се обиделе да запомните нешто преку визуелизација? Сложените математички формули се особено тешки за помнење. Наместо да ги учите на памет, разделете ги на помали компоненти и обидете си да ги запомните како дел од график.

2. Метафори/аналогии

Метафорите се употребуваат за да се поврзат две нешта кои всушност немаат никаква врска помеѓу себе. Замислата е дека преку создавањето метафори ќе ги разберете новите концепти преку разбирливи гледни точки. Можете да научите абстрактен процес споредувајќи го со некој посовремен настан. На пример, можете да ги споредите деривативите со брзинометарот на вашиот автомобил. Употребувајте метафори кои лесно можете да ги поврзете и разберете.

Врзување

Оваа тактика се користи за да се запомнат сложени броеви; најчесто ја употребуваат менталните магионичари. На пример: 1=с, 3=к и 9=р. Помеѓу овие согласки вметнете самогласки за да се формира именка, на пример секира. Така сте го запомниле бројот 139.

Користете дијаграми

Најновите истражувања покажуваат дека цртањето ја унапредува концентрацијата. Ако сте на час и ви е здодевно или не можете да се сконцентрирате на предавањето, обидете се да направите дијаграм или некаква скица која на некој начин ќе ја поврзете со темата која ја учите.

5. Учете некој друг

Што учевте денес? Ако можете да го објасните на некој друг, вашиот мозок ќе создаде врски кои ќе ја унапредат вашата способност за разбирање. Учењето некој друг исто така ќе ве присили материјата да ја разделите на помали концепти, преку што уште повеќе ќе навлезете во материјата.

6. Избегнувајте да правите ригидни белешки

Кога правите белешки за нешто, правете ги интересни. Уште подобро, додадете го и вашето мислење за тоа. Тоа ќе ви помогне да разберете подобро.

7. Создадете основа

Дали сте забележале дека штом ќе напреднете, поранешните теми ви изгледаат полесни? На пример, штом ќе почнете да ги разбирате диференцијалното и интегралното сметање, алгебрата ќе ви се чини како детска играчка. Напредувањето во еден предмет зависи од тоа колку ќе се потрудите да ги разберете основите.

e676bd3d-22d1-4bf8-9a36-f374d4d1456d

Сподели на Facebook
пати видено