Организаторите на натпреварот за убавина „Мис Англија“ додадоа нов круг, во кој убавиците мора да ги достават своите фотографии без шминка, без филтри и без компјутерска обработка. Иновација ја нарекоа „Топ модел со голо лице“, а идејата е да му се покаже на светот дека природната убавина е прекрасна и не треба да се крие под килограми козметика. Исто така, новиот круг од натпреварот има цел да покаже дека совршена убавина не постои и да им даде самодоверба на жените ширум светот да се сакаат себеси какви што се.

Сподели на Facebook
пати видено