Дали повеќе ќе сте уживале во вашите училишни денови ако училиштето ви било во пештера, на брод или можеби се состоело во целодневно скијање?

Основното училиште Або, Ново Мексико

sk01

Луѓето во Ново Мексико во шеесеттите години биле многу блиску до тоа да се најдат во виорот на војната. Канцеларијата за цивилна одбрана на градот му помогнала во тоа да се изгради основното училиште Або, кое исто така можело да се искористи и како засолниште. Училиштето се наоѓа целосно под земја, а игралиштето се наоѓа на покривот. Училиштето не било употребено како засолниште, но во него децата го стекнувале своето образование сѐ до 1995 кога било затворено.

Училишта на вода

sk02

Во северниот дел на Бангладеш има околу 20 пловечки училишта. Големите поплави во земјата ги спречува учениците да одат во традиционални училишта. Дождовната сезона трае од јули до октомври, ефективно отсекувајќи ги од патиштата и училиштата. Училиштата на чамци им овозможуваат да се здобијат со образование и покрај сите тие лоши услови. Покрај 20-те чамци кои служат како училишта, постојат и десет библиотеки и седум образовни центри за возрасни.

Бруклинското слободно училиште, Њујорк

sk03

Учениците во Бруклинското слободно училиште сами си ја определуваат училишната програма и правилата, и не во училиштето не се спроведуваат никакви тестови. Училиштето е предмет на дебати во САД. Некои критичари не го одобруваат овој слободен модел на образование, но други велат дека ова е најдобриот начин.

Пештерското училиште Донгжонг

sk04

Крајната сиромаштија во Гуижу, Кина не им дава многу можности за стекнување на образование. Но затоа тие изнашле креативен начин да им пружат образование на своите деца. Ја избрале оваа пештера. Ова училиште било отворено во 1984 со 8 учители и 186 ученици.

Училиште во шатор, Хаити

sk05

Страшниот земјотрес кој во 2010 година го погоди Хаити го потресе општеството во сите негови сегменти. Денес главниот град Порт о Пренс е повторно кренат од рушевините, но многу луѓе сѐ уште се без домови и живеат во населби од шатори кои ги подигна УНИЦЕФ, и децата сѐ уште одат на училиште во шатори кои биле поставени за таа цел после земјотресот.

Номадското училиште на Евенките, Сибир

sk06

Одгледувачите на ирваси исто така имаат деца, знаете. Во 20-те и 30-те биле основани номадски училишта кои се селеле заедно со номадите Евенки, за децата сепак да можат да се стекнат со некое образование. Овие училишта денес се обновени од страна на УНЕСКО. Има мал број ученици и мал број учители, но сепак ова на овој народ му овозможува да го живее својот начин на живот а сепак децата да им се стекнат со образование.

Делфиското училиште, Орегон

sk07

Делфиското училиште е исто така познато како Сциентолошко училиште. Се работи за многу скапо училиште кадешто одат децата на славните личности. Во училиштето има околу 250 ученици со полн престој. Образовната програма е заснована врз учењата на Л. Рон Хабард. Според тоа што се раскажува, учениците учат нови зборови од речници, обликуваат предмети од глина и учествуваат во натпревари на зјапање. И тоа го прават на час, не во слободно време.

Стратонското планинско училиште, Вермонт

sk08

Учениците во Стратон учат скијање и сноубординг зиме; наесен учат фудбал, трчање, скејтбординг, планински велосипедизам и други интересни спортови. Бројни олимпијци оделе во ова училиште.

Училиште на железничка станица, Индија

sk09

Учителката Индерзит Курана секој ден одела на работа со воз, и секој ден гледала деца како деца просат на станиците. Така, во 1985 година решила да организира прво училиште на железничка станица. Овој начин на организација на училишни активности се проширил и во други градови во Индија и сѐ уште функционира.

Плеј Маунтин, Калифорнија

sk11

Целта на Плеј Маунтин е постигнување на самомотивација при учењето. Образовната програма не е само академска; според училиштето, тоа се обидува да го поттикне и социјалниот и емоционалниот развој. Карактеристично е што во ова училиште се запишуваат цели семејства.

Сподели на Facebook
пати видено