Во изминатите три години осумнаесетгодишниот Же Жу секој ден го носел својот хендикепиран соученик на грб до училиште. Неговиот другар страда од мускулна дистрофија, болест која ги напаѓа мускулите и која може да го скрати животниот век на болниот Жанг Чи, особено во Кина. Наскоро двајцата пријатели ќе се разделат кога ќе тргнат на различни факултети, и Жанг Чи ќе мора да се снаоѓа сам.
Сега за сега, Же барем неколку пати во денот патува со својот пријател, двеста дена во годината е постојано со него и секој училишен ден му го носи неговиот оброк. Но оваа посветеност не завршува тука: Же Жу у Жанг Чи се најдобрите ученици во нивниот клас.
„Же врши позитивно влијане врз другите ученици, кои секогаш му помагаат на Жанг во неговата грижа. Со помош на соучениците, Жанг никогаш не пропуштил настава.“ – забележува заменик директорот на средното училиште Дашу. Американската организација за човекови права забележува дека во Кина 243.000 деца не одат на училиште поради нивната хендикепираност.