Луѓето ги привлекува мистеријата и ужасот кој се крие зад неа. „Темниот-туризам“ цвета низ целиот свет и многу туристи сакаат да посетат места на егзекуции, убиства со секира, вооружени престрелки и слично. Ова се 10 најпосетени „убиствени“ туристички дестинации.

Селото Сејлем

Во 1692 година во селото биле обесени 19 лица кои биле обвинети за вештерство од страна на хистерични тинејџерки. Друга жртва, 80-годишниот Џилс Кори, била згмечена до смрт со куп камења. Потоа гувернерот го вратил разумот кај населението и сите затвореници биле ослободени. Во 1992 година бил изграден споменик од 20 гранитни клупи за жртвите и оттогаш градот станува познат како „градот на вештерките“ со салони за „гатање“, опседнати куќи и слично.

ОК Корал

На 26 октомври 1881 година, Вајат Ерп, неговите браќа Вирџил и Морган и нивниот помошник, Док Холидеј се упатиле кон ОК Корал каде што се пресметале со група млади каубојци. Младите каубојци биле убиени, Вирџил, Морган и док биле ранети, а Вајат немал ни гребнатинка. Оттогаш Холивуд направил многу филмови за пресметката кај ОК Корал и оваа место стана позната туристичка атракција.

Хатфилд и МекКој

Овие две семејства се убивале едни со други цели 30 години. Во нивната „војна“ биле убиени 20 луѓе, вклучувајќи жени и деца. Владините претставници воспоставиле примирје во 1891 година, а денес наследниците на овие две семејства соработуваат заедно за да го развиваат локалниот туризам.

Ист Енд во Лондон

Ова е местото каде што била пронајдена првата жртва на Џек Мевосек, чиј идентитет сеуште е непознат. Денес има туристички тури кои ги водат луѓето на местата каде што биле најдени жртвите на Мевосек.

Смртоносната куќа во Вилишка

8 јуни 1912 година, во поспан Вилишка, Ајова 6-члено семејство било пронајдено мртво, во нивните кревети заедно со уште 2 деца на соседите кои биле тука на гости. Сите биле убиени со секира, а убиецот никогаш не бил пронајден. Марта Лин ја купила куќата во 1994 година и за 10 долари правела тури низ куќата, а за 428 долари, 6 лица можеле да преспијат.

Куќата на мама Баркер

Во 1930 година Баркер бандата го тероризирала Западот. Тие украле над 2 милиони долари, биле обвинети за киднапирања и над 10 убиства. Главната во оваа банда била мајката на четворицата бандити Кејт Баркер. Куќата во која била последната престрелка на Баркер денес е музеј и се користи како туристичка атракција.

Dealey Plaza во Далас

Dealey Plaza во Далас, Тексас, е една од најпознатите славни места во светот. На 22 ноември 1963 година, Џон Ф. Кенеди и неговата сопруга Жаклин патувале низ паркот во кабриолет Линколн, кога бил застрелан и убиен 46-годишниот претседател. На местото каде што бил убиен Кенеди има ставено бел „Х“ и многу туристи доаѓаат тука само за да видат каде бил убиен претседателот.

Умбертовата куќа на школки

Умбертовата куќа на школки е ресторан каде што бил убиен еден од најпознатите криминалци во 1970тите години Лудиот Џо, т.е Џо Гало. Тој го славел неговиот 43-ти роденден со семејството кога влегле 5 вооружени мажи и отвориле оган. Џо бил убиен но никој не бил обвинет за неговото убиство, а Умбертовата куќа на школки постои и денес и уште е познат по убиството на Лудиот Џо.

Рутата на Џефри Дамер

Џефри Дамер бил убиец на хомосексуалци, кој ги касапел, сексуално ги злоставувал и ги јадел телата на неговите жртви. Џефри убил околу 17 луѓе, а подоцна и тој бил убиен во затвор. Една агенција направила тура на местата каде што Џефри ги демнел своите жртви и објаснувале на кој начин го правел тоа. Турата била укината откако роднините на жртвите се побуниле.

John D. Long езерото

Во 1994 година жена ги врзала своите две деца во автомобилот, од 3 години и 14 месеци и го турнала автомобилот во езерото. Таа првин тврдела дека децата и се киднапирани од црнец, но потоа ја признала вината и била осудена на доживотен затвор. Оттогаш местото станало како спомен за двете момчиња и туристи доаѓале и оставале цвеќе и играчки во чест на децата. Во 1996 година на истото место починале уште две семејства, кои сакале да го посетат местото но автомобилот им се стркалал во езерото и починале четири мали деца заедно со нивните родители.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено