Човек од Атланта, САД, бил уапсен поради убиства на 27 луѓе, кои ги извршил во текот на изминатите две години. 54-годишниот Мајкл Родригез е обвинет за убиството на 23 мажи и 4 жени, при што од декември 2013 година заклал барем една жртва месечно. Според полицијата, се чинело дека обвинетиот има силна потреба да убива и напаѓал секој кој се чинел доволно ранлив за да ја задоволи неговата жед за крв.
„Се чини дека е буквално зависен од убивање“, изјавува капетан Џери Вудсон. „Тој вели дека слушал гласови кои му велеле да убива луѓе, и дека тие понекогаш станувале неподносливи, сѐ додека не убиел некого. Како и многу сериски убијци, се гледа дека има ментални проблеми.“
Според неговата поранешна сопруга, која од него се развела во февруари 2015 година, времето кога започнале убиствата се совпаѓа со времето кога му било пресадено срце. Таа вели дека неговата личност драматично се изменила откако го добил своето ново срце и дека токму таа операција е одговорна за неговите злодела.
„Пред трансплантацијата тој беше мирен и шармантен човек“, тврди Мишел Гонзалес, „но откако го доби своето ново срце стана избувлив и опседнат со оружја и лов. Купи неколку пушки и ножови и почна да убива сѐ, од зајци до мечки. Веќе не го препознавав човекот за кој се омажив и затоа решив да си заминам. Знаев дека стана поагресивен, но не знаев дека се претворил во такво чудовиште. Сето тоа е поради срцето кое му го дадоа. Тоа е зло!“
Идентитетот на донаторите на органи често се чува во тајност, но полициските иследници добиле пристап до досието на Родригез. Откриле дека донаторот на неговото срце бил осудениот сериски убиец Дерек Емери, кој бил погубен во државата Џорџија во 2013 година.
Злосторствата на Родригез можеби би можеле да се припишат до чудниот страничен ефект при трансплантацијата на органи, кој се нарекува феномен на клеточната меморија. Иако сѐ уште не се смета за 100 проценти научно потврден, сепак од повеќе научници и лекари овој феномен се смета за автентичен и многу луѓе на кои им бил трансплантиран орган јавиле дека почувствувале таков ефект.
Однесувањето и чувствата кои примателот ги добива од донаторот се должат на комбинираните сеќавања складирани во невроните на донираниот орган. Се вели дека срцевите транспланти се најподложни на клеточна меморија и примателите на овој орган најмногу доживуваат промени во однесувањето. Австриско истражување покажало дека 79 отсто од примателите на срцеви транспланти не забележале никаква промена во нивното однесување и личност, 15 отсто забележале умерена промена, а 6 отсто забележале драстични промени во нивната личност кои се должат на нивното ново срце.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!