Сексот е едно од најважните нешта во човечкиот живот и здравиот сексуален нагон е показател и за доброто општо телесно и душевно здравје. Прочитајте за тоа што сѐ може да биде причинител за намалената сексуална активност.
Стрес
Телото не реагира добро на стресот. Емоционалниот стрес може негативно да влијае на телесните функции, вклучително и на сексуалната желба и изведба. Наоѓањето на причината за стресот е првиот чекор во третманот. Самопомошта може да заврши работа, но на некои луѓе можеби ќе им биде потребно советување со психолог.
Партнерот
За танго се потребни двајца. Партнерите треба да чувствуваат приврзаност, а особено жената треба да чувствува блискост. Слабата комуникација, чувството дека сте предадени, недостатокот на доверба и постојаните кавги и критикувања можат да создадат врска на која ѝ недостасува блискост и интимност. Советувањето може да е решението доколку на љубовните двојки им е тешко самите да си ги решат проблемите.
Алкохол
Алкохолот вообичаено не е решение за ниеден проблем. Можеби алкохолот ќе ги намали инхибициите, но исто така ја намалува и сексуалната изведба и либидото. На вашата партнерка можеби нема да ѝ се допаднат пијаните додворувања и може да ја одбиете од себе на тој начин. Алкохолот создава зависност и доколку постојано го употребувате, можеби ќе ви биде потребна стручна помош за да престанете.
Премалку спиење
Како и со секоја друга телесна активност, одмореното тело ја подобрува изведбата. Неодмореноста и ненаспиеноста исто така можат да бидат виновници за намалениот сексуален нагон. Опструктивната ноќна апнеа (прекин на дишењето во сон) како и `рчењето се исто така потенцијален причинител за слабиот одмор и намаленото либидо. За справување со овој проблем можеби ќе ви биде потребна лекарска помош.
Деца
Родителството е целодневна обврска и тешко се наоѓа време без вашето дете во близината. Планирањето на мирно време за интимност и секс можеби ќе изискува малку креативност, како на пример водење љубов додека бебето спие или најмување на бејбиситерка за да можете испланирате состанок со вашиот партнер.
Лекарства
Препишаните лекарства како страничен ефект можат да ја имаат загубата или намаленоста на либидото. Таков е случајот со следниве лекарства:
– Лекарства за висок крвен притисок
– Лекарства кои содржат антихистамини и деконгестанти
– Антидепресиви
– Контрацептивни средства
– Средства против болка
Доколку ова е причината, вашиот доктор би можел да ви препорача лекарства со поблаги странични дејства како алтернатива.
Лошиот телесен изглед
Човек е секси толку колку што се чувствува секси. Многу луѓе имаат ниска самодоверба поради изгледот на нивното тело и тоа може да влијае врз сексуалната желба и нагон. Да се биде среќен со себеси е важен прв чекор. Поддршката од партнерот секогаш добро доаѓа.
Недостаток на блискост
Водењето љубов е повеќе од секс. Интимноста и блискоста се важен дел од здравиот љубовен живот. Ако сексуалната желба бледнее, можеби е време да внесете малку романса во вашата врска. Гушкањето и милувањата многу значат а минувањето опуштено време заедно можат повторно да ги разгорат старите искри.
Прекумерна телесна тежина
Прекумерната телесна тежина може да влијае лошо врз севкупното здравје, па така и врз здравиот сексуален нагон. Ова може да биде засилено и со ниската самодоверба.
Проблеми со ерекцијата
Еректилната дисфункција не само што може да влијае врз способноста за сексуален чин, туку врз тоа како се чувствува мажот во врска со тоа. Има повеќе начини како да се третира еректилната дисфункција за што треба да се советувате со вашиот лекар.
Ниско ниво на тестостерон
Иако нивото на тестостерон опаѓа со стареењето, ниското ниво на тестостерон може да биде потенцијална причина за намаленото либидо.
Депресија
Депресијата ги погаѓа сите делови на животот вклучувајќи го и сексуалниот нагон. Загубата на задоволството при секојдневните активности често изискува стручен третман а понекогаш и лекарства. За жал, антидепресивите исто така го намалуваат и сексуалниот нагон. Вашиот доктор треба да биде запознаен со тоа дали слабиот сексуален нагон е една од причините за вашата депресија.
Менопауза
Менопаузата може да предизвика телесни промени кои влијаат врз сексуалниот, вклучувајќи и вагинална сувост и болка при сексуалниот чин. Постојат лекарства кои го поттикнуваат сексуалниот нагон по менопаузата.
Решение
Tribulus Terrestis, растението кое е многу распространето кај нас, ја зголемува потенцијата и лекува неплодност