Алберт Флик, од Мејн, бил осуден на 25 години затвор за убиство на неговата сопруга во 1979 година. Тој првично бил ослободен во 2004 година, но се вратил во затвор во 2010 година за напад врз жена.
За време на неговото изрекување во 2010 година, судијата ја игнорирал препораката за подолга казна, велејќи дека нема логика да го заклучат и дека Флик нема да претставува закана поради неговата возраст. Сега тој има 77 години.
Во 2018 година, само неколку кратки години по неговото ослободување во 2014 година. Флик ја убил бездомната мајка Кимберли Доби. Тој ја пробол најмалку 11 пати со нож 48-годишната жена, а свирепото убиство се случило пред очите на нејзините 10-годишни синови близнаци.
Алберт станал опседнат со Кимберли и постојано ја следел и јадел во истото засолниште за бездомници како и таа. Кога слушнал дека жената планира да замине од градот со своите деца за да започне нов живот, убиецот решил дека доколку не може да ја има „мора да ја убие“.
Тој го планирал убиството, затоа што неколку дена претходно купил ножеви во Волмарт и сето тоа било опфатено на безбедносните камери. Исто така и убиството било фатено на надзорни камери. Алберт го очекува казна од 25 години до доживотен затвор.