Возот почна да се движи. Во него имаше патници од сите возрасти, вработени мажи и жени, студенти, а покрај еден прозорец седеше постар човек со неговиот син кој имаше 30 години.
Тој погледнуваше низ прозорецот со огромна насмевка и задоволство и за цело време зборуваше:
– Види тато зелените дрвја кои што се движат додека ги одминуваме се многу убави…
Неговото однесување стана премногу чудно за другите патници и тие мрмореа нешто во нив. Една жена довикна:
– Cигурно е на дрога.
Наеднаш почна да врне и ситните капки почнаа да навлегуваат низ подотворениот прозорец. 30 годишниот син исполнет со радост рече:
– Колку е прекрасен овој воз.
Една жена видно растревожена довикна:
– Господине дождот паѓа директно на мојот нов костум, ако на вашиот син му треба некој лек дадете му, или ако е ментално растроен спречете го да не им досадува на останатите патници !
Постариот човек со смирен тон одговори:
– Мојот син беше СЛЕП од раѓање, сега се враќаме од болница каде се ослободи од слепилото и ова што го гледа е ново за неговите очи, а јас длабоко се извинувам за предизвиканта несовесност…
Понекогаш работите што ги гледаме од наш агол, можеби се сосем различни. Затоа, секогаш подобро е да ги запознаеме работите пред да донесуваме предвремени заклучоци или пак да превземеме погрешна акција.
Лесно е да се грижите за себе, тешко е да се грижите за останатите, лесно е да заборавите на грешките, тешко е да признаете дека се ваши, лесно е да му се налутите на некој, тешко е да го разберете, лесно е да повредите, да осудите и да бидете нечовек, тешко е да се биде ЧОВЕК.