Фотографот Такаши Јасуи ја овековечува убавината на јапонските улици. „Фотографијата е повеќе од задоволство, таа е страст“, пишува тој на својата веб страница. Неговата камера ги набљудува луѓето како минуваат на улиците и испреплетувањето на современото и традиционалното, урбаното и руралното од прекрасната земја на изгрејсонцето.
Авторот работи како слободен уметник во градовите Кјото, Осака и Токио. Исто така е основач и на RECO, фотографски колектив кој за своите дела употребува сѐ, од ајфони до софистицирани камери.