Во морето на социјалните инфлуенсери тешко е да се одвојат лажните, затоа е добро да се биде мултиталентиран, но повеќе очи значат и повеќе критики.
Кристина Сзеферт од Романија е клинички психолог, сертифициран тренер за живот и здравје, мотивациски говорник, претприемач, поранешен модел, блогер и уметница, според нејзините социјални профили, и со нејзината импресивна листа на признанија, таа заработи 33.300 следбеници на Инстаграм.
Иако таа тврди дека нејзината главна професија е психолог на нејзиниот профил Кристина може да се види како позира покрај нејзините завршени уметнички дела, со наслови како: „Еве како го започнувам утрото“. Иако овие слики се убави за гледање, окото на еден човек забележало нешто друго, а по него истото почнале да го забележуваат и другите.
„Оваа уметница постојано објавува фотографии од себе како ‘слика’, но палетата за боја никогаш не се менува“
Додека оваа забелешка била надополнета од други луѓе па и уметници како има огромен број на нелогичности и неправилности во начинот на кој ја држи самата палета, инфлуенсерката одговорила:
„Па, јас сум малку шокирана за оваа смешна ситуација, но ќе ви одговорам. Уште кога бев мало дете, завршив средно уметничко училиште, и тоа остана страст во текот на годините. По уметничко училиште, завршив факултет за психологија, го отворив мојот прв бизнис на рана возраст од 22 години и почнав да работам како модел од високата мода во Италија. Со текот на времето, ја започнав мојата страст за сликање, особено во минатата година.“