Во Туркменистан јавно беа изгорени илјадници кутии цигари, како дел од кампањата на туркменистанскиот претседател, кој е поранешен заболекар, со која сака да го искорени пушењето.
Државната телевизија во авторитарната држава во централна Азија пренесе слики од горењето на цигарите. Државните претставници изјавиле дека цигарите биле запленети при обидот незаконски да се прошверцуваат во Туркменистан, кадешто пушењето е дозволено, но силно се осудува и се препорачува да не се пуши.
Претседателот на државата, Гурбангули Бердимухамедов минатата недела се пожалил за широката достапност на цигарите. Во четвртокот, властите ги присилиле продавниците да не престанат со продавањето цигари.
„Државните сили за борба против дрогата неодамна дојдоа во нашата продавница и не присилија да ги отстраниме цигарите од полиците, заканувајќи ни се со огромни казни“, вели Бајрам САриев, триесет и четиригодишен сопственик на мала продавница. Продавницата на Сариев е само една од многуте врз кои било извршено рација откако Бердимухамедов на телевизиски пренесуваната владина седница од 5. јануари се заканил дека ќе му даде отказ на шефот на агенцијата за борба против наркотици, и повикал на „строги мерки за искорнеување на пушењето“.
Сопствениците на киосци и продавници велат дека оттогаш продаваат цигари само „под маса“ и тоа само на редовни муштерии и пријатели. Забраната на цигарите сѐ уште не е официјално изречена од страна на владата, но казната за прекршувањето на забраната би можела да изнесува до десет просечни месечни плати. Ова резултираше со удвојување на и така високата цена за кутија цигари.
Само еден отсто од населението во Туркменистан се пушачи.