Гробниците на Меху се повторно отворени за јавноста за првпат по речиси 80 години откако биле откриени во 1940 година во Гиза, Египет. Гробниците на Меху, кои се наоѓаат во огромните антички гробишта Сакара, се сметаат за најубави гробници во местото.
Прекрасните гробници беа обновени од страна на египетското Министерство за антиквитети, кое ги врати сликите на ѕидовите на коморите.
Сликите го отсликуваат сопственикот на лов и за време на риболовните експедиции, мурали исто така, ги доловуваат сцените од бербите, како и цивили што готват и танцуваат.
Овие видови на слики не биле користени во гробниците Сакара пред Шестата династија Египет, погребната комора, предворјето и влезниот коридор на овие пирамиди се испишани со пирамидални текстови, по примерот на Уназ од Петтата династија.
„Сопственикот“ на гробницата, Меху бил древен египетски везир. Везир е највисоко рангиран службеник кој му служел на фараонот од тоа време и еден од најважните луѓе во кралскиот двор.
Живеел во околу 2300 п.н.е и во голема мера е познат поради неговата монументална мастаба (гробница), која се наоѓа близу до Пирамидата на Уна.
Сепак, точната дата на Меху е оспорена во египтологијата, претходно објавени документи сугерирале дека тој му служел на кралот Тети, додека други тврдат дека тој служел малку подоцна, на кралот Пепи I.
Семејната историја на Меху е нејасна, но се верува дека имал две жени по име Небет и Неферкаус, неколку од неговите синови се спомнуваат и на сликите во гробницата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.