Тулите најчесто се изработуваат од глина, но во Караба, мало Африканско село во југозападниот дел на Буркина Фасо, тули се ископуваат од ридот. Овој рид е составен од латерит, камен со црвена боја богат со железо и алуминиум.
Историски гледано латериотот бил сечен во форма на тули и бил користен за градење. Во Анкор Ват, Камбоџа и други во земји од Југоисточна Азија можете да видите многу градби направени од овој камен. Во поново време латеритот наместо во форма на камен се користи како подлога за пат, поради неговата порозна природа.
Латеритот кога е влажен лесно може да биде исечен со лопата во блокови со нормална големина . Кога тулите ќе се осушат тие се зацврстуваат, влагата испарува а големата количина на железо и сол прават уште поцврста структура. Се вели дека уметноста за вадење на каменот латерит за прв пат се развила во Индискиот потконтинент.
Всушност латеритот за прв пат е опишан од страна на шкотскиот географ Френсис Бјукенан-Хамилтон, кога ги открил наносите на латерит во Јужна Индија 1807. Тој го дал името латерит од латинскиот збор later, што значи тула.
Каменоломот во Караба функционира речиси 30 години, користејќи само лопати и копачи, работниците ги резбаат тулите од тврдиот камен и ги продаваат во блиските села, каде што се користат како градежен материјал за домовите на селаните.
Овие неверојатни слики се направени од страна на американскиот фотограф Дејвид Пејс, кој го фотографира каменоломот секоја година почнувајќи од 2008.
“Јас сум воодушевен од архитектонскиот квалитет на просторот, блескави бои и неверојатните луѓе што работат таму. Каменоломот е како магична уметост на природата која што постојано се менува.”, вели Дејвид.
Работниците работат рамо до рамо во тимови од по 3 до 5 луѓе, но секој од нив си ги продава своите тули и профитот зависи од тоа колку тули ќе изработи секој. Иако работата е напорна тие можат пристојно да заработат, за стандардите на Буркина.
Денес каменоломот граничи со прлави патишта од сите страни. Можеби за неколку години ќе го достигне максимумот и ќе престане со работа. Неговата големина се менува од година во година. Вкупната должина е околу 150-200 метри, додека областа која се ископува е широка околу 75-100 метри, а “ѕидовите” можат да бидат високи од 10-15 метри.