Кај накитот и другите модни детали има мноштво на природни мотиви, но има нешто посебно во тоа да се има накит со вметнати автентични исушени парчиња кора, мов и цвеќиња во вашиот накит. Сара Смит, уметница од Орегон, САД, создава рачно изработени бразлетни и наушници од презервирани пердуви, цвеќиња, школки и други прекрасни делови од природата. За едно парче накит ѝ се потребни околу 2-3 недели, почнувајќи од дизајнот, до конзервирањето на материјалот, сушењето и конечната изработка на накитот.