Неодамна, во православната црква на Екатеринбург верниците забележале црнец ипоѓакон, кој му помагал на Митрополитот Кирил. Црниот свештеник Баси Хафиз, сега со црковно име Харисим, првично ги изненадил луѓето, но подоцна се навикнале и го прифатиле. Следува приказната за црномурестиот православен свештеник во Русија.
Баси Хафиз, со црковно име Харисим, има 28 години, од кои 8 години 7 живее во Русија. Тој е роден и израснал во Судан, во градот Нјала, а сега живее во Екатеринбург.
Кон христијанството пристапив случајно. Кога бев во Екатеринбург на универзитетот, живеев на улица Болшакова крај катедралата Света Троица. Во 2011 година, таму се славеше Света Богородица и на улиците имаше многу луѓе. Јас се заинтересирав и ги прашав луѓето што бараат и зошто се собрале. Тогаш почнав да пребарувам на интернет и наидов на видео на кое еден човек зборува за разликите помеѓу Куранот и Евангелието. После гледањето на видеото одлучив да започнам со читање на Евангелието. Тогаш случајно кај тушевите во студентскиот дом најдов крст на подот. Го исчистив и си го ставив во собата на прозорецот.
Откако го открив Евангелието, мојот свет се промени. Во мојата душа имаше љубов. Чувствував необична самодоверба. Го прочитав Новиот Завет два или три пати. Почнав да одам во црква и таму го запознав отец Павел. Три месеци одев кај него и се распрашував за Православието. Потоа решив да станам христијанин. Се крстив на 1 мај 2012 година во Соборниот храм Света Троица во Екатеринбург.
Кога живеев во Судан и одлучив да студирам во странство, имав избор: Русија или Малезија. Постариот брат ми рече дека Русија е добра, популарна земја и образованието е подобро таму отколку во Малезија. И така отидов во Русија. Прво, една година студирав на подготвителна факултет во Киров. Бевме 7 студенти од Судан, а потоа отидов во Екатеринбург.
Кога му кажав моето семејство дека го примив Православието, беше многу тешко. Татко ми не зборуваше со мене четири години. Мајка ми плачеше. Моите сестри и браќа (во семејството сме седум) многу се загрижија. Речиси две години немав контакт со семејството и роднините, само со мојот помлад брат. Постариот брат многу пати ме повика и рече: Врати се, стани муслиман, ние ќе ти простиме, пак ќе живееме заедно. Но, крстен во Православието не може оди во друга вера, а во секој случај тоа е невозможно за мене. Јас сум христијанин.
95% од жителите на Судан се муслимани. Државна религија во мојата земја е исламот. Сега не можам да се вратам во Судан. По законот на шеријатот за откажување од исламот за примање друга религија следува смртна казна. Во Русија јас имам статус на бегалец. Во иднина, се надевам дека ќе добијам руско државјанство.
Како крстен, бев обичен член на црквата и секоја недела одев на служба. Еден ден видов еден епископ, владиката Кирил. Тој ми кажа дека за Велигден во текот на ноќта се чита Евангелието на разни јазици и ми понуди јас да го читам на арапски. Јас се согласив. Потоа епископот ме праша дали сум подготвен да носам света облека. Јас реков дека навистина би сакал. Така прв пат учествував во служба. Навистина ми се допадна. Тогаш решив да се откажам од факултетот и да влезам во богословијата. Мојот сон е да станам мисионер, да патувам низ земјата, да проповедам и да ги убедувам луѓето да го прифатат христијанството. Можеби ќе одам во Африка или Јужна Америка. А ако тоа не се случи ќе останам свештеник тука, во Русија.
Имам добри односи со другите ученици во богословскиот факултет. 10 луѓе живееме заедно во една соба.
Во Судан сеуште имам пријатели, иако некои решија да ме отстранат од контактите на социјалните мрежи и ми рекоа дека сум луд. Со роднините понекогаш разговараме на Skype. Се надевам дека еден ден јас дури и ќе бидам во можност да се видам со моето семејство.
По дипломирањето, би сакал да започнам семејство. Се надевам дека ќе најдам некоја добра девојка. Во семинаријата ни е дозволено да излегуваме, но јас сѐ уште не ја најдов онаа со која сакам да го поминам животот. Да се оженам и да се разведам по 2-3 години, тоа не го сакам.