Хрирурзите открија дека е направена трета успешна трансплантација на пенис во светот, на 40-годишен црнец, но неговиот нов пенис е бел. Тоа значи дека човекот ќе оди на медицинско тетовирање кон крајот на оваа година за да ја смени бојата на половиот орган кој го добил.
Тим од хирурзи од јужна Африка го поврзувале пенисот на пациентот скоро 10 часа. Пациентот кој што не е именуван од етички причини, го изгубил пенисот по компликации по извршување на обрежување, традиционален „сунет’.
Трансплантацијата е извршена на 21ви април а тој веќе може да доживее ерекција, а по 6 месеци ќе може да има и сексуални односи и слободно да уринира.
Професорот Андре ван дер Мерв кој ја водел операцијата вели: „Пациентот е црнец, а донаторот е белец. Имаме многу малку донатори за ваков вид на операција. Но ова е единствениот проблем. Човекот имал врски и порано, но кога тебало да дојде до интимни односи тој си заминувал. Тоа повеќе нема да е проблем. Исто така тој бил депресивен а и суициден.“
Андре исто така вели дека пациентот напредува добро и дека е еден од најсреќните пациенти кои што досега ги оперирал.
Медицинскиот тату-уметник Розмари Андлауер, од студиото „Чудесни креации“ од Масачусетс вели дека трансформација на посветлата боја на кожа во потемна не е невообичаено. Таа исто така смета дека ќе биде потребен подолг период за целосно тетовирање на пенисот. Розмари вели: „Дури и ако клиентот може да го издржи целосното тетовирање во една сесија, јас не мислам дека е безбедно половиот орган да заздравува одеднаш. Ќе го тетовирам по должина по една третина секоја сесија. Ова ќе трае подолго но здравјето и безбедноста се премногу важни за да се брзаат.“