Јужноафриканските регулатори во вторникот забранија реклама во која е прикажано како црнец открива непозната земја и ја именува „Европа“, пресудувајќи дека колонизацијата не била „отворена за хумористична експлоатација“.
Рекламата за синџирот на ресторани за брза храна, раскажува приказна за тоа како човек ја напушта Јужна Африка во 1650 година, плови низ морето и, по многу авантури, доаѓа на брегот и ги поздравува белите луѓе.
„Хола Мангмала (Здраво бел народе). Ми се допаѓа ова место, мислам дека ќе го наречам … Европа“, вели човекот, забодувајќи го копјето во земја. Ланецот за брза храна, Chicken Licken, изјави дека рекламата има за цел да е смешна и да покаже како го добиле бургерот „Биг Џон“.
„Рекламата во никој случај, облик или форма не се обидува да изврши исмејување на борбата против колонизација“, додаде компанијата, велејќи дека е дизајнирана да ја зголеми гордоста и патриотизмот меѓу Јужноафриканците.