Една црква во Мериленд решила да го направи најхуманото дело досега и да ги плати медицинските долгови на 900 семејства низ 14 држави.

Тие го направиле овој гест без да бараат ништо за возврат и платиле долгови во вкупен износ од 1,9 милиони долари. Поединечните долгови се движеле од 200 долари, па се до 100.000 долари.

Revolution Annapolis организација од 170 граѓани при црквата пратила анонимни писма до семејствата за да ги извести дека нивните големи и мали долгови во вид на болнички трошоци се исплатени.

Главниот свештеник на црквата, Кени Камачо, изјавил: „Простувањето на медицинските долгови не е дел од стратегијата да ги натераме луѓето да присуствуваат на мисите или придонесат на локалните цркви. Знаеме дека постојат низи кои се поврзани со речиси сѐ она што го правиме овие денови: сè што ќе го купите, сè што барате преку интернет, станува дел од следната реклама што ја гледате. Revolution сака да ѝ се спротивстави на идејата дека црквата е само уште еден бизнис: црквата треба да постои за луѓето да имаат надеж, точка.“

Пастор Камачо вели дека дури и се надева дека еден ден ќе види организации кои ќе работат директно со болниците за да се решат големите износи и да се справат со проблемот со медицински долгови „директно во изворот“.

„Ние сме отворени да правиме нешто слично во наредните години, иако ќе биде потребно време. Ќе мораме да го прошириме тој круг да стане многу поголем и ќе ни биде потребно време. Но ние не се откажуваме.“, додава Камачо.

Сподели на Facebook
пати видено