Деновиве жители на Лос Анџелес, САД откриле нешто крајно вознемирувачки кај нивниот долгогодишен сосед. Биле повикани властите да отстранат 2.5-метарски алигатор кој незаконски живеел во дворот на човекот цели четириесет години. Но тоа не е најлошиот дел.
Кога властите дошле да го однесат алигаторот, нашле две тела на мртви мачки во местото кадешто живеел рептилот. Тоа предизвикало сомнежи дека сопствениците на алигаторот можеби го хранеле со мачките на нивните соседи.
Ова е Џексон, алигаторот откриен од Службата за животни на Лос Анџелес, после анонимна дојава.
По наоѓањето на телата на две мачки близу местото кадешто бил чуван Џексон, властите ги повикале локалните жители на кои неодамна им исчезнал миленик да ги контактираат.
Сопствениците на Џексон тврдат дека го хранеле само со пилешко и виршли.
Додека да се испита од што се состоела исхраната на Џексон, алигаторот бил сместен во Зоолошката градина на Лос Анџелес.