Царството на малите луѓе не е некое место инспирирано од Дизни и посветено на Снежана и седумте џуџиња. Тоа е вистиснки забавен парк наполнет со мали луѓе кои изведуваат песни и танци за гостите.
По неговото отворање во 2009 година, паркот привлекол големо внимание во медиумите, во најголем дел негативно. Всушност, самата помисла за ваков забавен парк звучи како потиснување и експлоатација на човечки суштества. Но, реакцијата на самите мали луѓе кои живеат и работат во тој забавен парк би можела да ве изненади.
Во 2009 година Светската еко градина на пеперутките и Царството на џуџињата во близина на јужниот кинески гради Кунминг ги отвори своите врати за вџашените туристи.
Проектот од 14 милиони долари бил изграден од кинескиот претприемач и трговец со недвижнини Чен Мингџинг. Мингџинг замислил фантастичен забавен парк, кој на луѓето со дворфизам ќе им овозможи да работат.
Паркот им обезбедува сместување на близу сто џуџиња во куќички кои личат на печурки, специјално изградени за нивната големина. Покрај тоа им се плаќа од 160 до 480 долари месечно.
За да може некој да работи таму, треба да е висок најмногу до 130 сантиметри. Покрај тоа, не смее да биде болен од заразна болест и да не е постар од педесет години.
Секој ден од 10:30 до 15:30, малите луѓе изведуваат за посетителите. Изведувачите носат смешни, а во некои случаи и понижувачки костими. Нивниот репертоар опфаќа пеење, танцување и акробации.Популарна атракција е нивната верзија на „Лебедовото езеро“.
Ако мислите дека Царството на џуџињата не само што е бизарно, туку и експлоатирачко и потсетува на претставите со накази од пред еден век, не сте сами.
Паркот бил жестоко осуден од групи за човекови права како Хендикеп Интернејшенел и Малите луѓе на Америка. Активистите критикуваат дека забавниот парк е експлоатирачки и ги засилува негативните стереотипи кон луѓето со дворфизам.
„Која е разликата помеѓу тоа и зоолошка градина“ – прашува портпаролот на Малите луѓе на Америка во весникот Њујорк Тајмс.
Но, Мингџинг, создателот на паркот, вели дека Царството на малите луѓе не е експлоатирачки воопшто и на луѓето, кои инаку би биле невработени, им пружа шанса да работат како и некаква смисла и независност во животот.
Изненадувачко е тоа што и некои од изведувачите се согласуваат со ова. Една изведувачка за Вајс Њуз изјавила дека пред да дојде во Царството на малите луѓе, таа не знаела дека постојат и други луѓе како неа. Друг жител на паркот, кој некогаш бил графички дизајнер, изјавил дека пред да дојде, постојано му се потсмевал на паркот.
Луѓето со попречености во Кина секојдневно се соочуваат со голема дискриминација. Во 2013 година, извештај на Хјуман Рајтс Воч забележал дека четириесет отсто од луѓето со попречености во Кина се неписмени, најчесто поради дискриминацијата со која се соочуваат.
„Децата со хендикеп имаат право да одат во обични училишта како и сите други деца и општеството е должно да им излезе во пресрет на нивните специфични потреби. Но, наместо тоа, училиштата не успеваат – или пак просто одбиваат да ги снабдат овие ученици со нивните неопходности“, вели Софи Ричардсон, директорот на Хуман Рајтс Воч во Кина.
Паркот сѐ уште не е многу доходен, но Мингџинг се надева дека ќе стане популарна атракција за кинеските и интернационалните туристи. На своите изведувачи тој им обезбедува часови по англиски и се надева дека еден ден ќе успее да вработи 1000 џуџиња.