Еден цар имал царство. Тој го поделил – половина за него, а другата половина на неговите синови.
Еден ден тој ги повикал синовите, им дал купче хартија и им рекол:
– Синови мои, решив да се повлечам во заслужен одмор. Кој од вас ќе успее да го скине ова купче хартија, ќе му ја дадам мојата половина од царството!
Синовите се мачеле, се мачеле, но не успеале. Тогаш царот им рекол:
– Ајде сега обидете се да го искинете купчето лист по лист.
Синовите зеле и на брзина ги искинале сите листови хартија. Тогаш царот им рекол:
– Ги научивте ли трите лекции од оваа приказна? Она што не може да се направи одеднаш, може да се направи постепено. Кога нешто не можете да направите сами, можете да го направите заедно со пријателите. Она што не може да се направи со сила, може да се направи со итрина. Разбравте ли?
– Да, да, татко, разбираме.
– Ништо вие не сте разбрале! Грам мозок немате во главите и на ништо не внимавате! Вие само што го искинавте целиот пакет нотарски заверени документи со кој ви го дадов половина од моето царство, а вашата половина од царството сега повторно е моја.