Трудовата инспекција дошла кај еден македонски земјоделец, бидејќи некој го пријавил дека не им плаќал доволно на работниците…
Човекот ги пречекал и почнал да одговара на прашањата:
– Значи имам тројца работници, едниот е Јован… Тој ми работи на полето… Му плаќам 800 денари дневница плус храната…
– Добро, а на другите?
– На Пејо му плаќам 1000 денари дневница плус храна, затоа што тој ми се грижи за механизацијата…
– А на третиот?
– Е третиот е малоумен… Тој работи по цели 18 часа на ден, ја врши 90% од работата, заработува по 50 денари дневно, а сам си ја плаќа и храната. Но, секоја сабота вечер му купувам по едно шише ракија, за во недела да одмори…
– Ахааааа… Е па за тоа сме дојдени ние… Токму со тој малоумниот сакаме да зборуваме… – се израдувал инспекторот.
– Па веќе зборувате со него…