Изградбата на патот започнала во 1968, кога се собрале група од 800 локални жители. Првите 2 години, луѓето не само што работеле на патот, туку и живееле во планината. Сите тунели во карпите ги ископале рачно и за тие 2 години успеале да ја постават основата на патот, кој на места е над провалии со длабичина од 200 метри. Останатите десетици години патот се поправал и проширувал, за денес 9 километри долгиот пат да биде не само функционален туку и туристичка атракција.

Сподели на Facebook
пати видено