Седи маж во кафана крај автопатот и кротко си пие кафе. Влегуваат тројца моторџии. Првиот си ја изгасил цигарата во тацната на човекот, вториот му плукнал во кафето, а третиот му го истурил кафето на подот. Без да каже збор, мажот станал, си ја зел јакната од столот и си излегол:
– Овој не е маж, а? – Со презир и рекол едниот моторџија на келнерката…
А келнерката загледана преку прозорот одговорила:
– Како што гледам и за возач не го бива многу. Штотуку смачка три мотори со камионот…