Еден од најстарите соништа на медицината штотуку направи голем чекор поблиску до реалноста. Три лица чии повреди на ‘рбетниот мозок ги оставиле во голема мера парализирани од половината надолу најмалку четири години, користеле електричен импулсен генератор вграден во нивниот’ рбет и патерици за повторно да можат да одат.
Уште кога научниците откриле дека инструкциите од нашите мозоци до нашите екстремитети се пренесуваат како електрични сигнали преку ‘рбетниот мозок, луѓето се прашуваа дали би можеле да ја заобиколиме штетата предизвикана од несреќи. Ставањето на идејата во практика е многу потешко, но неколку лаборатории успеале на стаорци со оштетен ‘рбет да им помогнат повторно да одат.
Сега Универзитетската болница во Лозана најави слични постигнувања кај луѓето. Д-р Џозелин Блоч ставила импланти во три пациенти за активирање на мускулите на нозете. „Сите пациенти можеа да одат со помош на телесна тежина во рок од една недела. Веднаш знаев дека сме на вистинскиот пат“, изјавила Блоч во соопштението.
„Работата не е само прашање на обезбедување на патека која ги пренесува електричните сигнали од мозокот на нозете. Целната стимулација мора да биде прецизна како швајцарски часовник“, додава Блоч.
Блоч и нејзините колеги ги мапирале деловите на ‘рбетниот мозок одговорни за секое движење кои комбинирани ни овозможуваат да одиме и со воспоставување низа електрични импулси ќе помогнат да се оствари овој настан. Потоа користеле пораки кои доаѓаа од мозокот низ неоштетениот дел од ‘рбетниот мозок за да ги активираат потребните сигнали под повредата. Активирањето на запоставените нерви поттикнува градење на врски за да ги заменат оние што биле изгубени.
Истражувањето е објавено во Nature со придружен документ во Nature Neuroscience за некои од предизвиците што се надминати во процесот.
Досега никој од учесниците не може да оди повеќе од неколку метри, а сите тројца имале преостанато движење пред операцијата. Еден претходно бил во можност да се мрда, додека друг можел да ја движи само едната нога, но не и други. Сите тројца покажале големи подобрувања подоцна, но најголем тест за технологијата ќе биде дали ќе им биде од корист на оние кои воопшто не можат да ги движат нозете.