Дете кое боледува од рак на национална телевизија во Кина ја молело својата мајка да се врати, отакако го напуштила за време на неговото лекување. 10-годишниот Ченгченг не можел да стапи во контакт со неговата мајка откако исчезнала пред еден месец и ги земала сите донации наменети за лекување на болниот син. Вкупниот износ на средства изнесува 220.000 јуани (околу 26.000 евра).

Момчето изјавило: „Мамо те молам врати се! Ако мајка ми се врати, нема да ја обвинам. Не ме оставај тука“. Исто така држел лист на кој пишува: „Мамо те молам врати се брзо.“

Мајката на Ченгченг

Ченгченг бил дијагностициран во ноември минатата година со акутна лимфоцитна леукемија, рак на крвта и коскената срцевина. Неговата состојба се подобрила многу по седум третмани на комбинирана хемотерапија за шест месеци.

Неговите родители се разведени и само мајката се грижела за него. Таа побарала од нејзиниот брат, вујкото на детето да се погрижи за него затоа што таа наводно ја скршила раката. Откако вујкото го однел детето во болница и требало да се плати третманот од донираните пари, не можел да ја добие неговата сестра на телефон.

Моментално за него се грижи неговиот вујко, но тој тврди дека повеќе нема пари за лекувањето на момчето и веќе и должи на болницата околу 100 евра.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено