4-годишната Ванеса Еспосио од Филипините влегла во продавница со неколку парички и кажала дека сака да купи тетратка за да може да оди на училиште.
Сиромашното девојче е ќерка на самохрана мајка и е второто најмало дете од 9 деца во семејството. Таа е слепа од раѓање поради глауком.
Ванеса собирала парички за да може да си купи тетратка и да оди на училиште како и останатите деца, иако таа може да гледа само форми. Вработените од продавницата го однеле девојчето до полицата со училишен прибор и ѝ подариле тетратка, а исто така си одбрала и молив.
Потоа девојчето седнало со персоналот и други купувачи, кои и дале чоколаден пијалок и вечера. Ванеса им ги покажала документите за нејзината состојба кои и биле врзани околу половината.
Рејчел Фигероа која во тој момент се нашла во продавницата изјавила: „Ванеса е многу среќно дете. Таа само сакаше тетратка за во училиште. Таа покажа некои од нејзините математички вештини на луѓето во продавницата. Таа е паметно мало девојче и јас само се надевам и молам таа да може да оди во училиште. Таа има големо срце и навистина сака да учи.“