Пред неколку дена тројца тинејџери биле спасени од морето во западен Велс. Еден од тие момчиња бил и 16-годишниот Блејк Вард, кој бил на семеен одмор. Два хеликоптери, три чамци за спасување, две екипи на крајбрежната стража, болничари и полицијата биле повикани за да ги спасат момчињата од морето.
За жал Блејк не успеал да се избори за својот живот и морал да биде исклучен од апаратите. Девојката на Блејк, Стефани Реј, се збогувала со него за последен пат пред неговиот живот да згасне. Таа била до него од моментот кога го извадиле од водата, па сѐ до последното збогување. Состојбата на другите две момчиња останува непозната.
Пријателите и семејството на Стефани и Блејк собираат пари за да го платат погребот на момчето. Стефани напишала на нејзиниот Фејсбук профил:
„Денес е најтешкиот ден за мене и тоа ќе биде ден што никогаш нема да можам да го заборавам. Како што некои од вас можеби знаат дека Блејк имаше ужасна несреќа во вторникот. Јас бев покрај него и не го напуштив. Како што сите знаеме Блејк беше полн со љубов, грижлив и би сторил сѐ за никого. Вчера ни беше кажано дека Блејк никогаш нема да се опорави и неговиот мозок е премногу оштетен и мораше да се донесе тешка одлука, да се исклучат апаратите и да го пуштиме. Но, само да знаете дека Блејк не почувствува никаква болка и тој почина со своето семејство околу него и тој засекогаш ќе ни недостасува и тој секогаш ќе има посебно место во моето срце и никогаш нема да те заборавам Блејк, летај високо, ќе направам да се гордееш со мене.“
Исто така говор за Блејк одржала и директорката во средното училиште каде што тој учел. 16-годишното момче било примерен и добар ученик, кој секогаш зрачел со позитивна енергија.