Несекојдневен момент се случи кога еден татко повторно се сретна со неговиот исчезнат 10-годишен син, откако заедно со неговата свршеница го пронајдоа момчето како се крие во грумушка.
10-годишниот Луис Едвардс беше пронајден ова попладне, откако последно го напушти домот на својата баба во Чешир, Англија, заминувајќи со неговиот велосипед, задвчера во 19:30 часот.
Неговиот татко Скот Бутон кој ја поминал целата ноќ, пребарувајќи насекаде по својот син, конечно вчера во 13:30 часот.
Бутон и Роузи, мајката на момчето го пронајдоа откако беше спроведена интензивна полициска потрага, при што родителите воедно и ги известуваа загрижените на социјалните мрежи.
Во истрагата беа вклучени десетици луѓе, а жителите на градот беа замолени детално да ги пребараат своите градини, гаражи и бараки, во случај момчето да барало место за безбедно преноќевање.
„Излезени сме од 20 часот вечерта. Пребаруваме насекаде, низ секоја област. Не знам што да правам. Само сакам син ми да се врати. Мислам дека нешто лошо се случило. Доколку знаете било каква информација, известете нè. “- изјави претходно Бутон.
Кратко откако разговараше со новинарите, Бутон изјави дека сам ќе започне да го бара Луис и по само неколку минути навистина го пронајде момчето.
Претходно беше пронајден велосипедот на Луис, оставен на шумската патека, во близина на неговиот дом, а по неколку часови од откритието, беше пронајдено и момчето, живо и здраво.
Претходно во интензивната потрага која траеше цели 18 часа беа вклучени две групи со 7 полициски кучиња, а истовремено со хелихоптер се набљудуваше целата област.
Не се познати причините кои довеле до исчезнувањето на момчето, а родителите им се заблагодарија на сите кои се вклучиле и активно помагале во потрагата по нивниот син.