Дузина рози едноставно не биле доволни за еден маж од Небраска кој сакал да стори нешто посебно за неговата жена во чест на нејзината последна хемотерапија. Па така, тој ја изненадил со ни помалку ни повеќе туку со 500 рози.
Неговата жена Алиса Буске повторувала „леле леле“ во неверица кога нејзините пријатели и членови ѝ испорачале 36 ваи со рози во болницата. Нејзиниот сопруг на коментарот на видео клипот на Јутјуб напишал дека тајно ги исконтактирал пријателите и роднините да му помогнат во напорот. Розите чинеле по 10 долари, а сите приходи ќе бидат донирани Фондацијата на Сузан Џ. Комен за борба против ракот на дојката.
„За да го постигнам ова, пратив тајна порака до неколку пријатели и членови на семејството на Алиса. Ги замолив да ми помогнат да ја изненадам така што ќе ја опсипеме со рози за време на нејзиниот последен третман“, пишува Буске.
„Зделката ја договорив со локална цвеќарница. Секоја роза беше купена по цена од 10 долари, при што вишокот средства беше дониран за борба против ракот на дојката.
Се изненадив кога почнаа да пристигнуваат нарачки! Набргу достигнавме бројка од 100 рози, потоа 300 рози, потоа 400. Кога достигнавме бројка од 500 рози им кажав на цвеќарите да престанат да нарачуваат рози и сите следни средства целосно да одат за донацијата Сузан Џ. Комен. 170 семејства заедно собравме 4500 долари за истражување за борба против ракот.“