Постапката на еден полицаец наиде на големо поздравување на интернет, кога тој му ја дава својата водоотпорна јакна на мало дете кое накиснало на дождот. Сликите, направени од случаен минувач, прикажуваат сообраќаец од Џинхуа, Кина, како му ја дава својата службена наметка на малото дете. Детето плачело на дождот кога наишол полицаецот Жанг, при што дознал дека тоа се одвоило од неговата баба и накиснало на дождот. Детето било толку мало што јакнатаго покрила речиси од глава до пети.
Со оглед на тоа што настанот се случил на Денот на детето, кој се слави низ цела Кина, се вели дека човекот на детето му го дал најдобриот подарок за неговиот празник.