Шон Зимерман мислел дека чукањето на срцето на неговата ќерка го слушнал за последен пат во март, кога четиринаесетгодишната Кејтлин починала откако ја удрил камион во Флорида. Но во понеделник, овој татко на три деца кој исто така загубил и син, ставил стетоскоп и пак го слушнал биењето на срцето на неговата ќерка, но овојпат во градите на четиринаесетгодишното момче Алџеј Џефрис.

dc01

„Ни донесе мир тоа што знаеме дека срцето на Кејтлин сѐ уште чука, и покрај тоа што веќе не е во неа“, им кажал Зимерман на родителите на момчето, кога за првпат се запознале во болница. Алџеј новил нова шанса за живот во март, кога по долгата борба со срцевата болест која ја има од дете, добил трансплант од Кејтлин кој му го спасил животот.

Ви благодарам за подарокот да можам да видам повеќе од животот“, им кажал Алџеј на Зимерманови со треперлив глас, борејќи се да ги задржи солзите. „Ви благодарам што ми дадовте втора шанса. Ви благодарам од сѐ срце – ви благодарам што сте мое чудо“, додава тој, избликнувајќи во солзи.

dc02 dc03

Неговата мајка Тина Тарнер чекала четири месеци да го слушне новото срце на Алџеј. Чекала да го сподели мигот со Шон, таткото на Кејтлин, бабата Шарлин и сестрата близначка Савана.

„Мојата благодарност не може да се изрази со зборови“, вели Тарнер. „Знам колку многу жртвувавте за дадете нов живот.“

dc04 dc05 dc06

Кејтлин загинала на 9 март кога возејќи велосипед со нејзиниот помлад брад Дилан во близина на нивниот дом во Инвернес, Флорида, биле удрени од пијан возач на камион. Кејтлин починала истиот ден. Дилан бил хоспитализиран во критична состојба и во текот на следниот месец бил подложен на четири хируршки интервенции, но не преживеал.

dc07

Сподели на Facebook
пати видено