Телевизискиот писател Френклин Харди предизвика „врева“ на Твитер откако објави фотографии од неговиот татко како кога гроб за нивното куче. Но, зад сетоа ова се крие една поинаква приказна.
Всушност тие добиле повик од ветеринарот кој претходно го прегледал кучето и тој според резултатите ги известил дека за жал ќе треба да го еутанизираат своето милениче.
Ветеринарот им кажал дека ќе дојде кај нив дома да го направи истотот, а таткото на Френклин почнал да го копа неговиот гроб додека кучето го гледало.
Сите биле прилично тажни поради трагичната дијагноза на миленикот кој го чуваат со години. Но откако пристигнал ветеринарот се случило „чудо“.
Тој го прегледал кучето и им кажал дека било лажна тревога и дека кучето ќе биде сосема во ред и нема потреба да го усмртат. Веднаш потоа Харди објавил уште една фотографија од слаткото куче за да им покаже на луѓето дека е сосема во ред и прилично среќно.