Стјуарт Хачисон бил дијагностициран со тумор на мозокот во 2011 година, кој се повлекол во 2014 година и повторно се појавил во 2018 година кога ракот се проширил и на неговите коски.
За жал сите дијагнози укажувале на трагичната судбина на Стјуарт. Освен неговата сопруга и мајка, тој имал и друга поддршка која безусловно го сакала.
25-годишното момче се оженило со 22-годишната Даниел во јануари минатата година, а во мај двајцата биле на одмор во Шпанија и се изгледало сосема добро. Тој редовно одел на проверки бидејќи бил свесен дека ракот може повторно да се врати. Но, откако се вратил од одморот почувствувал болка во раката.
Откако посетил лекар му кажале дека ракот се вратил и се проширил на коските. Неговата болест напредувала и било прашање на време кога неговиот живот ќе згасне. Стјуарт сакал да биде префрлен во домот на неговата мајка и таму да почине бидејќи таму бил роден.
Освен скршените срца на неговата сопруга и мајка, видно повреден бил и неговиот најдобра пријател Неро. Парот се грижел за булдогот Неро, неговата „девојка“ Нала и нивното мало кученце Амелиа.
Иако сите очекувале дека наскоро ќе се случи крајот на животот на Стјуарт никој не очекувал дека и Неро кој бил многу приврзан за својот сопственик ќе почине само 15 минути по него. Мајката на Стјуарт, Фиона не можела да поверува дека такво нешто се случило: „Стјуарт почина околу 13,15 часот, тој ден, а Нерон почина околу 15 минути подоцна. Тој имаше три кучиња, но тој и Неро беа како еден човек и неговото куче. Нерон беше кучето кое секогаш беше со него. Даниел беше скршена што ги изгуби и двајцата, но таа е силна.“