Овие трогателни слики прикажуваат брачен пар како за последен пат се држат за раце и си го кажуваат последното збогум еден на друг. 58-годишниот Џим Минини се наоѓал во болница со неизлечив рак на белите дробови, кога направил очајна молба да ја види својата жена Синди за последен пат. Синди, којашто закрепнувала од срцев удар кој го претрпела кога Џим бил хоспитализиран, била во соседната соба, откако била префрлена од друга болница со цел да биде поблизу до својот сопруг.

am01

Таа била под седативи и во несвесна состојба кога нејзиниот сопруг со кој била во брак дваесет и четири години бил внесен во нејзината болничка соба, и не знаела дека тој бил со неа, сѐ додека не се разбудила – но дотогаш нејзиниот сопруг веќе бил мртов. Трогателните фотографии на кои се гледа како тој ја држи за рака биле споделени од нивниот син Крис, кој кажал дека неговиот татко не бил подготвен да умре без да ѝ каже збогум на љубовта на неговиот живот.

am04

Сопружниците живееле среќен живот и биле создадени еден за друг, како што споделува дваесет и едногодишниот Крис. Кога почувстувал дека му доаѓа крајот, неговиот татко, не можејќи да зборува, напишал „мама“ на едно ливче хартија. Го одвеле во соседната просторија, и таму починал држејќи ја за рака неговата сакана.

am05 am06

Сподели на Facebook
пати видено