Оваа трогателна слика со постари луѓе кои биле во брак 77 години, на која се гледа како се држат за рака само неколку часа пред жената да почине е пример и дефиниција за вистинска љубов. Сликата била споделена на сајтот Редит од страна на нивната внука од Сан Франциско, која напишала: „Мојата 96-годишна баба со мојот 100-годишен дедо, неколку часа пред нејзината смрт овој викенд. 77 години брак. Знам дека тие ми се баба и дедо, но оваа слика сериозно е најтажното и во исто време најубавото нешто што сум го видела во животот.“

nj01

Вистинскиот идентитет на бабата и дедото е непознат, бидејќи се работи за анонимна објава, но набргу следеле бројни коментари од луѓе кои биле трогнати од сликата. Еден човек пишува за тоа како откако ја видел сликата, решил да се смири со својата сопруга со која се скарале.

„Вечерва се скаравме. Вообичаените работи, пари, постојано работење, кој колку се грижи за чувствата на другиот. Си го зедов ќебето и се упатив кон каучот. По 24 години брак некако се навикнувате на идејата дека каучот, кучето за друштво и една ноќ разделени е добар начин да оставите нештата да се изладат малку. И тогаш го прочитав овој пост. Го вклучив шпоретот, ѝ направив чај на жена ми и ја разбудив.“

Друг корисник на сајтот се шегува: „Со оглед на тоа што сум во своите триесетти и сум во брак веќе десет години, ми се чини како некој крај мене да сече кромид.“

Така е тоа, понекогаш ни треба потсетување за тоа кои се најважните нешта во животот, бидејќи секојдневието знае да направи да подзаборавиме.

Сподели на Facebook
пати видено