Независно од тоа како светот се менува, проблемот на генерации постои во секое време. И, иако е многу тешко да се разбере лице кое има големи разлики со нас, треба да ги цениме нашите баби и дедовци.
Тие засекогаш ќе останат за нас упориште на вистински вредности и извор на мудрост. И ова е едноставна вистина која треба да се запамети.
Баба беше дебела, широка, со мек, мелодичен глас.
„Целиот стан е пол со нејзини глупости“, врескаше таткото на Борис.
„Па каде да оди, стара жена“, му се спротистави мајката на Борис.
„Во дом за стари лица, ете каде, таму ѝ е местото“, додаде таткото.
Сите во куќата, вклучувајќи го и Борис ја гледаа својата баба како сосема непотребна личност.
Баба спиеше на тврд душек, поцела ноќ се вртеше од еден на друг колк. Наутро прва ќе станеше и ќе почнеше да работи гласно во кујната.
Потоа ги будеше ќерката и зетот: „Станете ајде, водата во чајникот зовре. Да испиете нешто топло пред да тргнете.“
Борис беше следен: „Стани мило мое да одиш на училиште“
„Зошто?“, ја прашал Борис со сонлив глас.
„Затоа што темниот човек е глув и нем, еме затоа.“, му одгворила бабата.
„Оди ти бабо“, дополнило момчето.
Бабата скоро секој ден му ги чистеше чевлите на таткото на Борис и кога малиот Борис ќе се вратеше од училиште ќе го фрлеше ранецот во рацете на бабата и ќе извикаше: „Бабо, што има за ручек?!“
Бабата го оставаше плетењето, ја поставуваше масата и го гледаше Борис како јаде. Тој во тие моменти ја чувствуваше бабата како близок пријател и ѝ раскажуваше за сите згоди и незгоди на училиште.
Бабата го слушаше со љубов, со големо внимание, велејќи: „Се е во ред, Борче: и добрите и лошите работи се добри. Од лош човек ќе работиш повеќе, од добра душа ќе цветаш.“
На Борис му пристигнал пријател и кога сакал да се поздрави со бабата, Борис му кажал дека не мора затоа што таа е „старото дрндало“ по дома. Другарот останал збунет, а бабата со солзи во очите. Додека разговарале во другата соба пријателот го прашал зошто така се однесуваат со нивната баба и дека таа треба да е главна во куќата, затоа што повеќе не може да работи како порано.
„Не можеш така да ја навредуваш. Замисли да дознае татко ти.“, рекло другарчето.
„Тоа нема да биде проблем, ниту тој не ја поздравува.“, одговорил Борис.
По овој разговор Борис се подзамислил и додека сите седеле во собата ја прашал бабата: „Бабо дали ние тебе те навредуваме? Нашата баба е подобра од сите, а живее полошо од сите: никој не се грижи за неа.“
Мајка му била изненадена, а татко му лут: „Кој те научи да ги осудиш твоите родители? Погледни ме, уште си мал!“
Бабата насмевнувајќи се рекла: „Би било глупаво да не се радуваш. Син ти расте. Јас го проживеав мојот живот, вас староста допрва ве чека. Тоа што ќе го убиеш нема да се врати.“
Грбот на бабата станал уште поподвиткан. Таткото се шегуваше: „Еј мајко уште малку со земјата ќе се споите.“ Мајката на Борис наведено му велеше: „Престани така да зборуваш со стара жена.“, а кога ќе ја прашете баба да заврши некоја работа ѝ велеше: „Де бе мамо како желка си, до кујната ќе те пратам, еден саат те нема.“
Баба почина пред мајскиот празник. Таа умре сама, седејќи на стол плетејќи чорапчиња за Борис. Имаше прибор на масата така што очигледно го чекала Борис. Наредниот ден ја погребаа.
Кога се врато Борис дома ја виде мајка му како клечи до ковчегот кој го чуваше неговата баба, внатре имаше многу стари и чудни работи. Мајка му држеше црвена чевличка во рацете и плачеше: „Уште ја чувала, моја е“. Тогаш од ковчегот почнаа да вадат работи кои бабата ги чувала за нив. Кошула и чевли за зетот, марама од свила за ќерката, ракавици и шал за Борис. Тогаш татко му на Борис извадил и кесичка со слатки, на која пишувало: „За мојот Борче“
Борис тогаш пребледе ги грабна бонбоните и излезе надвор. Луташе долж улицата. Тој дошол дома кон крајот на вечерта; очите му беа отечени од солзи, а свежа глина му била залепена на колена. Торбата од баба ја стави под неговата перница и, покривајќи ја главата со ќебе, си помисли: „Баба нема да дојде да ме разбуди наутро.“