Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед отворено зборува за смртта на неговата сопруга Ребека Елисон и како се справил во моментите кога требало да ја соопшти веста на нивните три малолетни деца, Лоренс, Тејт и Тиа.
Во документарниот филм кој се прикажуваше на ББС 1,во чест на покојната сопруга Ребека Елисон, тој го носи својот венчален прстен. Нивната љубов ја крунисаа во 2009 година по долгодогишна врска, иако претходно беа родени синовите Лоренс и Тејт, а подоцна ја добија и Тиа. Како и секој пар со долгорочни планови, нивните изгаснале по дознавањето за болеста на Ребека. Имено тие во 2015 година дознаваат дека Ребека има карцином на градите, а по само неколку недели таа ја губи битката со болеста на 34 годишна возраст.
Нивните деца во тој период имале 9 години Лоренс, Тејт 7 и Тиа 4 години, кога излегувајќи од болница Рио им ја соопштил тажната вест, дека никогаш повторно нема да ја видат нивната мајка.
Рио вели дека оваа трагедија најмногу ги пододила нив, со оглед дека треба да растат без мајчинската љубов и внимание. Тој се надева дека бил доволно храбар во тие моменти, за да истрае и несебично да ги поддржува неговите деца во нивната тага.
Тој се присеќа на еден тажен момент кога Ребека сеуште лежела на болничкиот кревет, а синот Лоренс ги разгледувал ливчињата на ѕидовите на кои биле испишани молитви од обожувателите, го прашал татка си зошто тие не и помогнат на мајка му, а Рио немал одговор.