Познатиот англиски теориски физичар и космолог, Стивен Хокинг, кој почина оваа година на 14 март, во својот последен есеј пишувал за „апокалиптично“ предвидување, кое би можело да значи крај за човештвото како што го познаваме.
Познатиот физичар сугерирал дека генетскиот инженеринг ќе создаде нова раса на „супер-луѓе“ кои би можеле да го уништат остатокот од човештвото. Збирката статии и есеи што ги оставил се предупредувањето на Хокинг за опасностите од манипулирање со ДНК и ќе бидат објавени во постхумна книга.
„Кратки одговори на големите прашања“ ќе ги сподели стравувањата на научникот со новата раса и проблемите со кои човештвото може да се соочи ако на оние со големо богатство им се даде можност да ја сменат ДНК на нивните деца. Новата раса потенцијално може да покаже поголема интелигенција, долговечност и да биде отпорна на болести.
Тој напишал: „Сигурен сум дека во текот на овој век луѓето ќе откријат како да ги модифицираат и интелигенцијата и инстинктите, како агресијата. Законите веројатно ќе бидат против генетскиот инженеринг врз луѓето. Но, некои луѓе нема да можат да се спротивстават на искушението да ги подобрат човечките карактеристики, како што се меморијата, отпорноста кон болестите и должината на животот.“
Како чекор кој може до доведе до ова научникот го споменува Crispr, систем кој им овозможува на научниците да ги менуваат штетните гени и да додаваат нови. Револуционерната техника измислена пред само шест години им овозможува на научниците да пронајдат и да пресечат било каков вид на генетски материјал.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.