Три девојки – бринета, црвенокоса и плавуша возеле со автомобилот со огромна брзина. По некое време почнува да ги брка полиција. Бидејќи снемале бензин застанале на една бензинска. Таму виделе 3 големи кутии со натписи „МАЧКИ“, „КУЧИЊА“ и „КОМПИРИ“, па решиле да се скријат внатре. Црната се скрила во кутијата со натпис „МАЧКИ“, црвенокосата се скрила во таа со натпис „КУЧИЊА“, а плавушата во третата на која пишувало „КОМПИРИ“.
Полицајците дошле крај кутиите. Тропнале на првата и слушнале „Мјау, мјау!“. Тропнале на втората и се слушнало „Ав, ав!“ На крај ја клонале третата кутија и се слушнало „Компир, компир!“